И познатите С.А.Р.С. ќе бидат дел од музичкиот спектакл кој го организира Општина Центар. С.А.Р.С. чија музика е комбинација на поп, рок, реге музика со елементи на традиционалниот фолк ветува добра журка на 31-ви декември почнувајчи од 22:00 часот.
Еве го интервјуто на А1он со С.А.Р.С.
А1он: Што освен „Мувлосан леб“ ќе им понудите на центарци на 31-ви декември, „Што ќе части куќата“?
Видовме дека тој ден ќе биде студено, па тој ден нема да помине без ракија, која ќе ни биде потребна за да не загрее добро. Но секако, може да очекувате еден енергичен настан, луда журка, за сите граѓани кои таа вечер ќе ја поминат со нас.
А1он: Зошто сметате дека С.А.Р.С. е вистинскиот избор за Нова Година?
Не знам колку сме навистина добар избор за Нова Година, тоа ќе го оценат граѓаните, но се радуваме дека тоа ќе биде во Центар, во Скопје, во градот каде што сме секогаш добредојдени. Се радуваме поради тоа што токму со вас ќе ја завршиме оваа година.
А1он: Како С.А.Р.С. ќе ги брои деновите во 2015 година?
Се надеваме дека во 2015 година, деновите ќе ги броиме малку поспоро, бидејќи 2014 буквално ни’ прелета многу брзо.
А1он: Што им посакувате на жителите на Центар?
Токму она што им го посакуваме на сите луѓе на овој свет, само убави нешта, а како тоа ќе го изразам на концертот, тоа ќе биде момент на инспирација.
А1он: Од каде инспирација за името?
С.А.Р.С.е група која ја „рока“ својата приказна и со секој ден таа приказна расте. А, што се однесува до лудото име, кратенката значи „Свежо ампутирана рака на Сатријани“. Сатријани е е еден од врвните живи гитаристи и професор на Беркли.
Наскоро или поточно на 1-ви јануари во Центар излегува нашиот прв албум во живо од домот на спортови во Загреб. Моментно работиме на нашиот 5-ти студиски алум кој ќе излезе на пролет. На младите бендови би им кажал дека не постојат правила за успех. Би им порачале на младите групи да го сакаат тоа што го работат и да уживаат во правење музика затоа што тоа е она најважното. Ако дојде до успех – супер, ако не, ќе имаат сатисфакција во песните кои ги направиле.