(ВИДЕО) Излезе трејлерот за новиот „Војна на Ѕвездите“, режисерот препорачува да не се гледа

Од:

„Лукас Филмс“ го објави првиот целосен трејлер за филмот „Војна на Ѕвездите – Последниот Џедај“, чија премиер е предвидена за во декември.

Режисерот Рајан Џонсон ги предупреди љубителите на вселенската драма да го скокнат трејлерот, навестувајќи дека во него се содржат информации за заплетите на осмото продолжение на „Војна на Ѕвездите“.

– Навистина сум растргнат. Ако сакате да го гледате филмот „чисто“, дефинитивно скокнете го трејлерот. Ама многу е добар, напиша режисерот Џонсон пред вчерашното прво емитување на трејлерот.

Од трејлерот станува јасно дека „Последниот Џедај“ ќе биде последниот филм на актерката Кери Фишер, која почина минатиот декември. Трејлерот ја прикажува Фишер, односно Принцезата Леа, како загрижено гледа додека нејзиниот син Кајло Рен напаѓа брод со неговото летало.

Во претходното, седмо продолжение, Кајло Рен го уби својот татко, Хан Соло (Харисон Форд) и можеби навестувањето на режисерот дека трејлерот содржи премногу информации за самиот филм е во таа насока – дека во новото продолжение Кајло Рен ќе ја убие својата мајка.

Во меѓувреме, главниот лик, младата хероина Реј (Дејзи Ридли), ја почнува својата обука за џедај со помош на Лук Скајвокер (Марк Хамил), кој вели дека за првпат чувствува страв гледајќи колку Реј успева да ја совлада мистичната Сила. Трејлерот најавува проблеми и за Лук Скајвокер, прикажувајќи ја неговата метална рака како се обидува да се пробие од запалени урнатини.

Глумецот Енди Серкис, познат како Голумот од „Господарот на Прстените“, го екранизира Сноук, водачот на Првиот Ред, кој практично ја има улогата на Императорот од првите филмови. Една сцена навестува судир меѓу Сноук и Реј, кои ќе одмерат колку ја владеат Силата.

Како и обично, во филмот има повеќе големи битки, како во вселената така и на една смрзната планета. Во филмот се најавува и редица на стари и нови придружни ликови и суштества.

Тука е Чубака, придружен од пријателче кое изгледа како вселенски зајак. Се појавува роботот Би-Би-8, како и сушстества кои изгледаат како волци прекриени со мраз

Би можело да ве интересира

Џоди Фостер одбила улога во „Војна на ѕвездите“, а сега ги откри и причините

А1он

Лајтсејберот на Скајвокер повлечен од аукција

Ана Ололовска

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

Наум Локоски

Принцовите Вилијам и Хари со улоги во осмиот дел од „Војна на ѕвездите“

Наум Локоски