Лајтсејберот на Скајвокер повлечен од аукција

Од:

Лајтсејберот на Лук Скајвокер од оригиналниот филм „Војна на ѕвездите“ е повлечен од наддавање во Лос Анџелес, по сомнежите на верните обожаватели дека се работи за фалсификат, соопшти аукциската куќа „Профајлс ин Хистори“.

Во описот на предметот се наведува дека тој лајтсејбер е израбоотен од дизајнерот оскаровец Роџер Кристијан, за потребите на „Нова надеж“ – првиот филм од сагата од 1977 година.

Лајтсејберот првично е проценет на 200.000 долари. Наддавањето е откажано по интернет дискусија на обожавателите за тоа дали тоа е вистинскиот лајтсејбер или не. Следува процес за утврдување на неговото потекло и автентичност.

– Светлосниот меч повторно ќе го понудиме на аукција откако Кристијан ќе ги разјасни сите недоумици, изјави Џо Мадален, извршен директор на аукциската куќа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колку струја би трошеле ласерските мечеви од „Војна на ѕвездите“?

Наум Локоски

ВИДЕО: Новогодишната декорација на куќа го запре целиот сообраќај

Наум Локоски

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

Наум Локоски

(ВИДЕО) Излезе трејлерот за новиот „Војна на Ѕвездите“, режисерот препорачува да не се гледа

Наум Локоски

Принцовите Вилијам и Хари со улоги во осмиот дел од „Војна на ѕвездите“

Наум Локоски

Во Перу 1.459 лица носат имиња од серијалот „Војна на ѕвездите“

Наум Локоски