[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Велат дека љубовта кон Црвена Ѕвезда не познава граници. Уште доколку на натпреварите друштво ви прави поубавата половина и доколку е подготвена да каже „да“ пред седум илјади навивачи, тогаш вие сте среќник.
Еден навивач на Ѕвезда ја изведе својата девојка на паркетот во салата „Пионир“ на полуфиналето во Европкупот, клекна пред неа и и стави прстен на раката.
Момчето заработи овации, а му аплаудира и играчите од противничката германска екипа. Од трибините се слушаше само, „Ожени ја, ожени ја“.