ВИДЕО: Путин се изнасмеа на изјавата на руски министер

Од:

Реакцијата на рускиот претседател Владимир Путин на „глупавата“ изјава на министерот за земјоделство Александар Ткачов стана хит на социјалните мрежи.

На состанокот на руски политичари во Вороњеж, Ткачов зборуваше за тоа дека Германија на годишно ниво извезува три милиони тони свинско месо.

– Годишно извезуваат три милиони свинско месо во Кина, Индонезија, Јапонија, истакна Ткачов, а Путин почна да се смее.

– Но, Индонезија е муслиманска земја, таму свинското не е дозволено, одговори рускиот претседател.

Министерот за земјоделство, помалку неверојатно, му одговори на Путин: А во што е разликата?, предизвикувајќи смеа во целата сала.

Тој всушност ги помешал Јужна Кореја и Индонезија.

Би можело да ве интересира

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

Џуд Ло ќе го глуми Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Путин: Русија ја споделува вашата тага