ВИДЕО: Прв сопственик на ресторан со Даунов синдром

Од:

Тим Харис е првиот сопственик на ресторан, наречен „Tim’s Place“ во Албакерки, Њу Мексико, со Даунов синдром. Неговата желба за ресторан се појавила кога има 14 години и успеал да ја исполни.

Харис кога служи појадоци, служи и прегратки, поради што неговите посетители се лојални. До сега тој гушнал 32,475 муштерии. Поради неговата харизма, вработените го обожаваат. Тој секој ден барем еднаш оди во кујната и на своите кувари им вели дека се „најдобри кувари на светот“.

Британскиот „HuffPost“ посочи уште неколку интересни работи за Харис. Тој секое утре танцува на паркингот пред својот ресторан, бидејќи е среќен и возбуден поради новиот ден. Покрај тоа, освоил и златни медали на Пара Олимпијадата, како и повеќе медали од Мајкл Фелпс.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава