ВИДЕО: Прв поглед на серијата „На терапија“

Од:

„Да знаат пациентите што све ми поминува низ глава, веројатно ниту еден не би се вратил кај мене никогаш“, е скокотливата реплика на Никола Ристановски и неговиот карактер Д-р Терзиев со која почнува долгоочекуваниот трејлер за новата македонска серија „На терапија“.

Двеминутниот трејлер дефинитивно зборува многу за четириесет и петте епизоди кои следуваат. Широкиот дијапазон на емоции, напнатоста и „заразната“ тензија без дилема ќе го разбудат секое чувство освен рамнодушноста.

Се чини дека во меланхоличната соба во која се одвиваат сесиите на Д-р Терзиев и неговите пациенти, најсветлата точка е неговата лава лампа, а најмирно пливаат рибите во аквариумот.

Низ кадрите може да се вкуси изведбата на низа комплексни карактери и уште покомплексни животни приказни.

Расплаканата Јелена Јованова во улогата на Милена ги соголува своите чувства и буквално и фигуративно.

Висар Вишка во улогата на Гент и Драгана Костадиновска во улогата на неговата сопруга Зана моќно ја доловуваат тензијата во нивниот брак и се слика и прилика на тоа дека после смеење доаѓа плачење.

Ангела Димитрова во улогата на тинејџерката и пливачка Ивана ги скока сите барања за дозволи. Тони Наумовски во улогата на војникот Владо плаче исто толку силно колку што провоцира. Во солзи е и Амернис Нокшиќи во улога на Ана Терзиева, сопругата на Д-р Терзиев.

А во сето тоа, единствениот глас на разумот е Бедија Беговска во улогата на психотерапевтот Д-р Вера Арсиќ.

„На терапија“ започнува со емитување на 18-ти септември на „ТВ Сител“.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он