ВИДЕО: Преку песната на Есма првпат ромскиот јазик на Евровизија

Од:

Првпат во 58-годишната историја на Евровизија една мелодија делумно ќе биде испеана на ромски јазик, кога вечерва пејачката Есма Реџепова ќе се натпреварува за пласман на Македонија во финалето.

Делот на македонската композиција „Пред да се раздени“, кој Есма во Малме ќе го пее на ромски јазик, е проследен со голем публицитет во шведските медиуми.

Во бројните написи во овдешните медиуми се потсетува дека Македонија за првпат учестуваше во евровизискиот натпревар во 1998 година. Наведуваат дека досега на македонските претставници не им одеше баш најдобро, но сега,  се присутни надежи дека е можен позитивен пресврт.

Млади Роми во Малме се задоволни и горди поради настапот на Есма на ромски.

– Вчера го слушнав тоа и бев навистина позитивно изненадена. Не само затоа што таа е Ромка, туку затоа и што пее на ромски, а што никогаш порано не се случило, вели Мишел од Малме за Шведското радио.

Весникот „Сидсвенскан“ пишува дека скопската населба Шуто Оризари, од каде што доаѓа Есма Реџепова, е најголема ромска населба во Европа. Македонија беше првата земја што им даде права на Ромите, права кои, како единствен пример во светот, се гарантирани и во Уставот.

– Сите земји би требало да го следат македонскиот модел и да им дадат на Ромите исти права и услови како што тоа Македонија го има направено, вели Есма Реџепова за „Сидсвенскан“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ