ВИДЕО: Полицијата во Берлин со денови трагаше по избегана лавица, поради снимка од дива свиња

Од:

Полицијата во Берлин денеска ја прекина потрагата по избегано животно во јужните предградија на главниот град бидејќи се покажа дека наводната лавица е дива свиња.

„Опасноста повеќе не постои и затоа ја прекинавме потрагата. Според сите достапни информации, претпоставуваме дека не се работи за лавица“, изјави Мајкл Груберт, градоначалник на Клајнмахнов во близина на Берлин, каде пред неколку дена била видена и снимена наводно побегната лавица.

Како што беше најавено на вонредна прес-конференција, од анализата на снимката на која се засновала потрагата се дошло до заклучок дека не се работи за лавица, туку најверојатно за дива свиња која во голем број живее во областите околу Берлин.

„Нема ниту еден доказ дека во шумите околу Клајнмахнов имало лавица“, заклучил Груберт.

Пред тоа, неколку зоолози и експерти за големи дивеч изразија скептицизам за теоријата дека се работи за лавица.

Груберт ја оправда големата потрага во која беа вклучени полицајци со автоматско оружје, како и со беспилотни летала, хеликоптери и оклопни возила.

– Обемот на потрагата е целосно оправдан со оглед на првичните сомнежи дека се работи за опасно животно – изјави началникот Клајнмахнов.

Потпретседателот на германскиот полициски синдикат, Хајко Тегац, ја критикуваше скапата потрага и рече дека потрошените пари можеле да бидат искористени за други цели, како што е борбата против организираниот криминал.

„Ова е убедливо најскапото сафари што го доживеала Германија“, заклучува шефот на полицискиот синдикат во интервју за весникот „Билд“.

Берлинската полиција во четвртокот вечерта испрати предупредување дека голем предатор, веројатно лавица, е на слобода во јужните предградија на Берлин.

Жителите се предупредуваат да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат своите миленици во затворени простории. Полицијата и пожарникарите објавија на социјалните мрежи во четвртокот наутро дека веруваат дека дивото животно забележано во текот на ноќта е веројатно лавица.

„Не знаеме од каде дошла“, изјавил портпаролот на локалната полиција. Тој додаде дека зоолошките градини, парковите за животни, циркусите и објектите за заштита на животните во областа не ја пријавиле исчезнатата лавица.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски