ВИДЕО: Победниците на Евровизија ќе одат на тестирање за дрога

Од:

Европската радиодифузна унија соопшти дека пејачот Дамиано Давид од италијанската рок група „Манескин“ која синоќа победи на Евровизија, доброволно ќе направи тест за дрога. Пејачот побарал тестот да биде направен синоќа по финалето, но од ЕБУ велат дека не биле во можност да го организираат тестирањето веднаш.

– Бендот категорично негираше дека користеле дрога и доброволно ќе се тестираат по пристигнувањето во Италија. Тие синоќа побараа да бидат тестирани веднаш, но во тој момент не можевме да го организираме тоа. Бендот и нивниот тим информираа дека немало никаква дрога со нив во Зелената соба и објаснија дека се работи за скршена чаша која пејачот се обидел да ја исчисти, рече портпаролот на Евровизија и потенцирал оти ЕБУ може да потврди дека на масата нашле скршена чаша и оти ќе ги разгледаат различните снимки од настанот и дополнително ќе се произнесат велат од ЕБУ.

Сомнежот и лавината реакции ги поттикна еден кадар од телевизискиот пренос во кој лидерот на победничкиот бенд се наведнува над масата. На прес конференцијата по финалето тој доби прашање за тоа дали конзумирал дрога. Давид категорично демантираше објаснувајќи дека чистел стакло од масата.

И денеска во изјава за медиумите, Дамиано Давид уште еднаш повтори дека никогаш не земал дроги и повторно објасни дека се наведнал на масата поради искршената чаша.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија