ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Од:

Во Тајланд се случил многу необичен случај, а кога полицијата пристигнала на местото на настанот останала шокирана.

Eдна постара Тајланѓанка Аром миела садови во својот дом во предградието на Бангкок кога почувствувала неколку каснувања на ногата.

„Змијата само што влезе и ме касна“, опиша таа што се случило.

Питонот откако ја каснал, се замотал околу неа и ја стискал додека не паднала на земја. Таа неуспешно се борела два часа за да се ослободи од неговите стеги, соопшти локалната полиција. Таа повикала помош, но поминале часови додека еден од нејзините соседи ја слушнал и повикал полиција, пишува CNN.

„Бевме шокирани од глетката. Жената беше заробена на земја, питонот завиткан околу неа. Змијата беше огромна“, рече Анусорн Вонгмали од полициската станица Фра Самут Чеди во градот Самут Пракан.

На видеото снимено од полицијата, Аром може да се види како седи на подот од мала соба, заробена, додека питонот ја стиска околу половината.

На спасувачите им требало половина час да ја ослободат, по што била пренесена на лекување во болница. Змијата избегала.

„Не можевме да ја фатиме“, велат од полицијата. Тајланд е дом на 250 видови змии, меѓу кои и три вида питони, според локалните национални паркови.

Би можело да ве интересира

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

(ВИДЕО) Свршеницата го разоткри Калкин: „Не знае да вози, никогаш не праел алишта…

Предраг Петровиќ

Детал кој менува сè: Што ќе се случи со богатството на Џин Хекман од 90 милиони долари

Предраг Петровиќ

Марко Бошњак ја коментираше својата сексуална ориентација: „Сакам да живеам отворено и да не се кријам“

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

Skype заминува во историјата