ВИДЕО: Пензионерско диско во метро

Од:

Секоја сабота во центарот на украинската престолнина Киев, во подземната железница се собираат пензионери, за да ги видат своите стари пријатели и да заиграат.

penzioneri-disko-kiev1

Подземното собирање го забележал фотографот на Ројтерс, Глеб Гараниќ кој изјави дека прв пат се сретнал со подземното диско, пред 20 години, но тогаш не обрнал многу внимание.

Сега се вратил со фотоапарат да ја забележи нивната приказна, но и да запознае еден среќен пар.

Николај Милевски (75) и Наталија Стољарчук (58) се запознале на една од овие средби и веќе четири години живеат заедно. Во подземното диско се запознале уште дваесетина парови.

penzioneri-disko-kiev2

-Јасно е зошто одат на вакви собири.

– Тоа е најпристапен начин своето слободно време да го поминат во дружење со луѓето – напиша Гараниќ на својот блог.

Ова е генерација која пораснала во СССР.

Многумина не можат да се прилагодат на новиот животен стил и нововоспоставените вредности и реалноста.

На состаноците се враќаат во младоста, сеќавањата.

-За многу од нив овие собири се можност да поразговараат со некого и да избегаат од осаменоста – пишува Гаранчиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини