ВИДЕО: Пензионерка го опиша сексот со 35 години помладото момче, водителите шокирани

Од:

Водителите на британското шоу “This Morning” не можеа да престанат да се смеат откако ја слушнаа необичната љубовна приказна на 80 годишната пензионерка Ирис Џоунс.

Бабата пред камерите раскажа како се заљубила во своето 45 години помладо момче Мухамед Ахмед од Каиро, кого го запознала на Фејсбук. Додека ја прашуваа пензионерката за нејзините навики во креветот, водителите не беа подготвени за толку експлицитни одговори.

-Првата ноќ беше прилично груба. Не сум била со никого цели 35 години, поверував дека повторно сум девица, започна бабата на што водителот реагираше со покривање на лицето со рацете. Но веднаш потоа стана уште поурнебесно.

-Смеам да кажам што користевме? Цела туба лубрикант, рече таа и продолжи и покрај хистеричното смеење на водителите.

-Работата е во тоа што утрината не можев да одам. Се чувствував како да сум јавала коњ без седло. Сепак го пребродивме и тоа, рече 80 годишната жена, но потенцираше дека нејзината врска со момчето од Египет не се заснова само на сексот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Ана Ололовска

В. Британија: Раст на продажбата на машки секс-кукли

Ана Ололовска

Бакнувањето и сексот како лек

Ана Ололовска

Порното е опасно по здравјето

Ана Ололовска