Гастарбајтери во Мелбурн кои минатото лето биле во поеста на Македонија, го чистеле Скопје во кругот на Музејот на ВМРО и МНТ. Видеото кое го објавиле на јутуб каналот „Фаланга“ е хит на социјалните мрежи, а се гледа како две госпоѓи кои се пртставени како патриотки, корнат треви околу двата објекти. Снимателот постојано ја коментира содржината и прави разговори со двете жени.
„Нашите од дијаспората чистат тука, за да биде чисто убаво, бидејќи не доликува ваква слика на еден град како што е Македонија, во кои се потрошени милиони евра. Честитки до госпоѓата Сузана Блажева и госпоѓата Вера Ѓоргиевска кои се дојдени од Мелбурн, Австралија и наместо да уживаат во туризмот, тие мораат да чистат, да корнат трева овде“, коментира лицето кое го снима видеото.
Во текот на видеото, кога снимателот повторно забележува треви околу МНТ и вели на една од жените: „Ве молам Сузана, дали ова ќе го чистите вие?“, а потоа ги коментираат исушените цвекиња.
„Еве овде трева пораснала. Најдобро да ја искорнете оваа трева госпоѓа Сузана, ете така“, вели снимателот додека жената корне тревка и ја остава во жардињерата, коментирајќи „Каде се Шилегов, Заев, да вадат, нешто да прават?“.
Тие во видеото бараат оставка од Шилегов и Заев поради сувата цвекиња и дивите тревки кои израснале низ бекатон плочките на МНТ.
„Треба изгледа вие да поработите малку, ако вака оставите и вие, нема да не биде“, посочи снимателот на видеото, а двете жени, едногласно рекоа „Ќе работиме ако треба“.
Видеото е објавено на „Јутуб“ во јуни минатата година.