Џорџ Олдрич речиси 40 години е вработен во Американската вселенска агенција, НАСА и ја извршува најчудната работа на светот.
Негова работна задача е да го помириса секој предмет, кој треба да биде испратен во Космосот. Тој најчесто ги мириса предметите кои астронаутите ги носат со себе.
Неговата работа е од голема важност, бидејќи и минималната непријатна миризба би можела со години да опстои во вселенската станица и да влијае врз здравјето на астронаутите.
Експертите велат дека доколку Џорџ не успее да идентификува макар еден проблематичен предмет, целата мисија може да биде во опасност.
– Oвде на тлото доколку постои некоја непријатна миризба, таа со тек на времето ќе се изгуби. Во вселенската станица нема дополнителен воздух, не може да ги отвориме прозорците и да пуштиме свеж воздух – рече Сузана Харпер, менаџер во назалната лабораторија на НАСА.
Е. Г.