ВИДЕО: Обожавателите на Тоше повторно му го подарија ѕвезденото небо

Од:

По 5 години од последниот концерт на македонската поп икона Тоше Проески неговите фанови и најверни обожаватели се собраа на плоштадот Македонија, за повторно да му го подарат на Тоше ѕвезденото небо кое тој постојано го бараше од нив на сите негови концерти.

Дека македонската ѕвезда Тоше Проески ќе живее преку неговите песни и многу по неговото заминување беше доказ и вечерашниот собир на плоштадот каде стотиците насобрани ги пееја неговите песни во еден глас.

Кај фановите на Тоше беа видливи помешани емоции, додека едни на цел глас ги пееја неговите најголеми хитови, други со солзи во очите на видео бимот ги следеа снимките од неговиот последен концерт и од неговите спотови. На плоштадот покрај огромната фотографија со ликот на тоше беа поставени и места каде што фановите можеа да му оддадат почит со палење свеќа.  Повеќе за атмосферата во видеото.

Би можело да ве интересира

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска

Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Ана Ололовска