Дека се уште актуелниот американски претседател Барак Обама е само обичен смртник докажува ова видео, кое ја покажува неговата реакција во ситуација кога сфатил дека си го заборавил мобилниот телефон.
Повеќето луѓе очекуваат дека Обама е професионалец кој никогаш ништо не заборава и се држи под контрола. Но дека не е баш така покажа и видеото на кое Обама се заврте за 180 степени и со трчање се врати дома по телефонот.
Од белата куќа на прашањето на медиумите зошто Обама се вратил во куќата одговорија дека „заборавил нешто бидејќи е човечко суштество како и сите останати“. Потоа медиумите се ангажирале и дознале дека Обама се вратил по својот телефон.