Пред неколку дена, во свечената сала при Занаетчискиот дом во Куманово, младиот пејач Марио Арангеловски ја промовираше својата прва песна на српски јазик со видео запис.
Песната „Воли ме“ е дело на Иле Спасев и Саша Миниќ, а истата беше екранизирана од страна на екипата од познатата македонска продукција „Урбан рекордс“ на чело со Гордан и Били.
На промоцијата присуствуваа голем број на негови роднини, пријатели, соработници но и колеги, како што се Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски, Драгана Јовановска, Иван Ајнштајн, Кике Цветче, Тања Јовановска и многу други.