Хрватскиот бенд „Лолобригида“ вечерва имаше премиера на нов спот на песната „Стробоскоп“ на музичкиот телевизиски канал „Ем-Ти-Ви“. Песната е дел од нивниот албум „Пилула“, и е најнежната мелодија.
Откако го снимија последниот спот за песната „Јас се ресетирам“ со обична камера од мобилен телефон, тие одлучија и овој пат спотот да го направат со обична мала камера (GoPro).
Уловени се и неколку приватни моменти, како опуштање пред свирка и на пат кон концерт. Спотот е снимен во Загреб, Белград и Мурска Собота.
„Многу сме горди на овој спот, бидејќи е доказ дека може да се направи нешто убаво без скапа опрема, шминка и осветлување. Потребен е само труд и добра волја и најдобрите обожаватели на светот!“ рекла Ида Престер.