ВИДЕО: Невремето предизвика поплави, две девојки скокнаа во водата за да се снимаат за ТикТок

Од:

Силното невреме кое вчера направи пустош низ Србија донесе апокалиптични сцени. Меѓутоа, во целиот тој хаос, две девојки од Белград најдоа начин да се забавуваат. Во еден од потопените делови на српската престолнина тие едноставно решиле да се избањаат.

Синоќа беше критично на неколку локации во Белград, силен воден порој носеше се пред себе, потопен ноќен клуб, но и модно студио. Невремето создаде хаос и кај Автокоманда, каде што беше направено видеото.

На видеото, кое е објавено на TikTok, се гледаат две млади девојки како стојат над огромна површина со вода. Неколку секунди подоцна, двете држејќи се за раце, по неколку чекори едноставно се фрлија во водата.

@mambolinnna Beograd popalvioooo #fypage #sandratodic ♬ Originalton – Salih Selim

По „пливањето“ се исправија во водата, и почнаа да играат и да се забавуваат. Видеото за кратко време забележа голем број прегледи и коментари.

„Убав ти е базенот“, „А, што се плива таму“, „Па, тие се само кралици…“, беа коментарите. И тогаш се огласија оние кои знаеја од каде е оваа количина на вода.

„Дали некој ќе им каже дека ова е 50% дождовница и 50% канализација што се излеа! Или да не им ја расипуваме среќата!“, „Ај луѓе, канализацијата од цел град повторно се излеа на улица поради количината на вода што падна, не сте нормални“, беа само дел од коментарите насочени кон „квалитетот“ на водата во која се капеа девојките.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена

Трамп е против забараната на TikTok во САД

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата

TikTok на чекор да биде забранет во САД

А1он

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on