(ВИДЕО) Невин одлежа 34 години затвор, надвор го дочека неговата мајка со солзи

Од:

Ова е моментот кога мајката во созли го прегрна својот син кој по 34 години затвор беше прогласен за невин. Сидни Холмс (57) беше осуден во април 1989 година и беше задржан во главниот затвор во округот Бровард во Флорида до неговото ослободување во понеделникот. Тој беше обвинет дека е поврзан со вооружениот грабеж откако беше виден како вози возило слично на она што беше користено во вооружениот грабеж неколку недели претходно.

Но, откако ја контактираа „Единицата за преиспитување на осудите“ во 2020 година за да кажат дека е „всушност невин“, обвинителите сега веруваат дека тој не е одговорен за злосторството. По ослободувањето, Холмс рече дека не се лути: „Не можам да имам гнев“, рече тој. Холмс беше уапсен откако беше виден како вози кафеав Oldsmobile Cutlass во Јужна Флорида во летото 1988 година.

Три недели претходно, братот на сведокот бил ограбен од луѓе кои возеле сличен автомобил. Автомобилот застанал зад автомобилот на жртвата, кога излегле две лица. Возачот – кој не одговара на описот на Холмс – беше забележано дека останал во автомобилот. Холмс беше осуден за улогата на возач во два вооружени грабежи во 1984 година, а полицијата го гонеше како осомничен.

Ова се случи и покрај разликите помеѓу автомобилот на Холмс и оној што беше користен во грабежот. Шест луѓе беа подготвени да сведочат дека Холмс тој ден бил во куќата на неговите родители. Жртвата, исто така, првично не го идентификувала Холмс како возач во првата серија фотографии што ги видел. Во подоцнежната група фотографии, жртвата го посочила Холмс.

Жената која била со жртвата, исто така не можела да го идентификува Холмс како возач. Холмс сепак беше обвинет и осуден на 400 години затвор. Обвинителите првично бараа 825 години затвор поради претходните пресуди за вооружен грабеж во 1984 година. Обвинителот Петер Магрино тогаш рече: „Причината за мојата препорака и екстремно големиот број години е да се осигурам дека тој нема да биде ослободен од затвор додека е жив“.

Тој рече дека не бара доживотна затворска казна бидејќи Холмс би можел да биде условно пуштен по 25 години. Како оправдување за подолготрајна казна го наведоа фактот што не ги именувал мажите кои го држеле автомобилот на нишан. Холмс беше осуден од поротата во април 1989 година. Окружното обвинителство во Бровард сега заклучи дека „нема докази што го поврзуваат Холмс со грабежот“.

Единицата за преиспитување на осудите откри дека идентификацијата на сведокот најверојатно била „погрешна идентификација“, делумно поради неверодостојните практик во тоа време. И двете жртви минатата година рекоа дека веруваат дека Холмс треба да биде ослободен. Неправедно осудените лица кои се ослободени, добиваат по 50.000 долари годишно за секоја одлежана година.

Би можело да ве интересира

Пијаниот возач кој усмрти дете на пешачки во Велес ќе одлежи 10 години помалку: Бил млад и неженет, одлучи Апелација

Орце Костов

Руското обвинителство бара затворска казна до десет години за кошаркарка поради поседување канабис

А1он

Во Малезија изречена пресуда од десет години затвор за навреда на исламот