Пијаниот возач кој усмрти дете на пешачки во Велес ќе одлежи 10 години помалку: Бил млад и неженет, одлучи Апелација

Од:

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати жалбата на велешанецот Ангелче Николов кој пред осум месеци возејќи со голема брзина под дејство на алкохол на пешачки премин ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова од Велес и му ја преиначи казната од 18 на осум години затвор.

– Пресудата е преиначена од вкупно 18 години на 8 години затворска казна која сега со одлуката на Апелација е правосилна и без право на жалба. Во образложението стои дека не се доволно ценети олеснителните околности за обвинетиот Ангелче Николов – потврдија за „А1он“ од Основниот суд во Велес.

Одлуката ја донеле Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи, членови на апелацискиот совет кој одлучувал по жалбата на адвокатите на Николов.

„Имајќи ги предвид околностите кои се одснесуваат на степенот на кривичната одговорност на обвинетиот и тоа неговата умисла како повиоск степен на вина и неговата свест за противправноста на неговите дејствија, повредата на заштитното добро, особено околноста дека истиот по сторувањето на делото го напуштил местото на настанот и се криел повеќе од 30 часа, а потоа сам се пријавил, ценети во корелација со олеснителни околности, поврзани со личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот,

односно се работи за млад човек, неженет, фактот што досега е неосудуван и постапка за друго кривично дело не се води, придонесот на обвинетиот за ефикасно завршување на кривичната постапка изразена преку признавањето вина за кривичните дела за кои се товари, изразеното каење, даденото ветување дека нема да го повтори тоа што го сторил, подготвеноста да го промени личниот статус и да се вклучи во нормалните текови на здравото општествено живеење, по мислење на советот на овој суд упатуваат на заклучок дека во конкретниот случај и со изрекување поблага казна затвор односно на единствена казна затвор во траење од 8 години, како и казна – забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од 5 години, сметано од денот на правосилноста на пресудата,

со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење, како во изреката на оваа пресуда доволно воспитно ќе се влијае врз обвинетиот во иднина да не врши ваков и сличен вид на кривични дела, како и позитивно да се влијае на планот на генералната превенција, со што ќе се остварат целите на казнувањето предвидени во чл. 32 од Кривичниот законик“, пишува во обрззложението на пресудата на Апелациониот суд Скопје.

Несреќата се случи на 17 декември 2022 година кога Николов, возејќи со голема брзина и пијан, на улицата „Борис Трајковски“ во близина на училиштето „Васил Главинов“, која е со ограничена брзина до 30 км/ч на пешачки премин удри во Магдалена и во нејзината мајка, а нивниот татко и сопруг за влакно го избегнал ударот. Девојчето почина на лице место, а нејзината мајка беше тешко повредена.

По несреќата, Николов избега и два дена се криеше, по што сам се предаде во полиција.

Три месеци по несреќата, Основниот суд во Велеса му изрече 18-годишна затворска казна, која сега, со одлука на Апелациониот суд е намалена на 8 години и е правосилна, без право на жалба.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Во Србија: Маж возел камион со 5,12 промили алкохол во крвта

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он