Селаните ги забележале слоновите на своите ниви, па ги бркаа. Еден од нив зеде стап и почна да го удира слонот. Но наместо да го избрка како што планираше, слонот се сврти и почна да трча по него.
Очевидец раскажуваше дека мажот бегал од слонот се додека не скокнал во една дупка и со ползење избегал од гневниот слон.
Експертот за диви животни, Субхенду Малик рече дека луѓето не треба да им се приближуваат на слоновите бидејќи не се свесни за нивната брзина и ги подценуваат мислејќи дека поради тежината бавно се движат, а всушност не е така.