ВИДЕО: Навивач на Вест Хем ги истепа сам сите хулигани во Холандија

Од:

Навивачите на АЗ Алкмар се однесуваа срамно на натпреварот на нивниот тим против Вест Хем во полуфиналето на Конференциската лига, каде по натпреварот сакаа да ги нападнат семејствата на играчите.

Средбата меѓу АЗ Алкмар и Вест Хем во полуфиналето на Конференциската лига ја одбележа голем скандал, бидејќи навивачите на домашната екипа се обидоа да ги нападнат членовите на семејството на гостинските фудбалери. Откако пред натпреварот се пресметаа со навивачите на англискиот тим, на крајот од мечот сакаа да започнат тепачка со семејствата на фудбалерите, но не успеаја целосно – брзо реагираа играчите.

Централниот сектор на стадионот го „бранеа“ дел од навивачите, а еден од нив кој беше фатен на камера како ги тепа хулигани, доби култен статус меѓу фановите. Тој се позиционираше на врвот од скалите кои домашните симпатизери се обидоа да ги освојат и од височина им задаваше удари иако беше бројчано инфериорен.

Сепак, овој ветеран од трибината на навивачите на Вест Хем имаше предност во други работи. Неговата добра позиција и искуство од улични борби во Англија во други времиња ги натера Холанѓаните да капитулираат пред неговите тупаници.

Фудбалерите на Вест Хем забележаа победи на двата натпревари против АЗ Алкмар и со тоа ја добија шансата да се борат за европскиот трофеј. Противник во финалето на Конференциската лига ќе им биде Фиорентина, а тој натпревар ќе се игра во Прага на 7 јуни. Претходната сезона во премиерното издание на ова натпреварување трофејот го освои Рома под водство на Жозе Мурињо.

Би можело да ве интересира

Тепачка пред зградата на Меѓународниот аеродром „Скопје“

(ВИДЕО) Израелци претепани во Амстердам, Нетанјаху вели: Испраќаме спасувачки авиони

Горан Наумовски

Кривична за тетовчанец кој си ги истепал својот татко

Четворица мажи и тинејџер дивееле во Аеродром, еден од нив нападнал и полицаец

Горан Наумовски

Се истепале двајца вработени во основно училиште во Сарај

Две големи семејства од Штип се истепале со разни предмети