Група стоматолози изработија четкичка за заби, за која велат дека може темелно да ги исчисти забите за помалку од шест секунди.
Произведувачот на овие четкички, фирмата Близидент, користи отпечатоци од забите кои ги изработуваат стоматолозите, а потоа со помош на прецизниот 3Д печатач изработуваат четкичка за секој корисник посебно.
Секоја четкичка содржи околу 400 меки мали четки, а се што корисникот треба на направи е да ја загризе.
– Многу брзо ги чисти забите затоа што ги четкате истовремено. Со оваа техника ги зафаќате сите тешко достапни места како и просторот меѓу забите, тврдат во Близдент.
Нејзините творци велат дека со ваквиот начин на чистење заби се отстрануваат грешките кои луѓето најчесто ги прават додека ги мијат забите. За разлика од нив експертите сметаат дека се потребни понатамошни истражувања.
Доколку посакате да ја имате оваа четка, ќе морате да издвоите 300 евра, со напомена дека можете да ја користите една година.