(ВИДЕО) НАСА прв пат регистрираше земјотрес на Марс, слушнете како звучи

Од:

Ракетата Инсајт на НАСА регистрираше земјотрес на Марс, за прв пат сеизмичко поместување е забележано на друга планета, објави лабораторијата Jet Propulsion Laboratory во Калифорнија.

Тоа се случило речиси пет месеци по слетувањето на првиот вселенски шатл дизајниран специјално за проучување на длабоката внатрешност на далечниот свет, слетал на површината на Марс за да ја започне својата двегодишна сеизмолошка мисија на Црвената планета.

Благиот трепет, за кој научниците од лабораторијата ЈПЛ рекоа дека е веројатно земјотрес, имал магнитуда од 2,5 и е снимен на 6 април.

Научниците се уште ги анализираат податоците за ова, како и трите послаби сеизмички сигнали што ги снимиле.

“Високите фреквенции и широкиот појас личат на земјотреси, па затоа сме убедени дека тоа е “марсотрес”, вели францускиот научник Филип Лоњон, професор по геофизика и планетарна наука на Универзитетот во Парис, Дидро во Франција кој е задолжен за овој експеримент.

Францускиот сеизмометар беше ставен на површината на Марс во декември, неколку недели по слетувањето Инсајт.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Силен земјотрес во централна Албанија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Путин: Русија ја споделува вашата тага

(ВИДЕО) Бројот на жртвите во земјотресот на Тибет се зголеми на 95, снема струја и вода

Горан Наумовски