Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) во последен момент го откажа за денеска планираното лансирање на соларната сонда „Паркер“ од центарот Кејп Канаверал.
Лансирањето на сондата беше откажано на 55 секунди пред планираното полетување, поради технички проблеми.
„Паркер“ требаше да биде сонда што ќе се доближи на најмало растојание до Сонцето досега.
Мисијата на сондата „Паркер“, која чини 1,5 милиони долари, веќе доцни неколку недели поради проблеми со ракетата.