Голема бела ајкула нападна нуркач во стаклен кафез кој го распарчи со невидена сила.
Се појавија застрашувачки снимки на кои се гледа моментот кога огромната бела ајкула удира во безбедносниот кафез каде има нуркач, оставајќи го да се бори за живот. Шокантна снимка покажува како нуркачот Џими Партингтон избезумено плива за својот живот по ужасната средба со петметарскиот предатор.
На почетокот на видеото, Џими лежи во стаклена кутија на површината на водата. Гледа како љубопитното морско суштество се лизга низ морето – но ѕверот почнува полека да лази поблиску до кафезот. Огромната ајкула потоа жестоко забрза низ јатото риби кон кутијата пред да го загризе со своите моќни вилици.
Со оглед дека кутијата се скрши со толкавата сила, Џими скокна од неа и се најде на површината. Може да се види како очајно се обидува да се врати во кутијата за на крајот да се откаже и плива да стигне на безбедно. Видеото кое сега е прикажано е снимено во 2020 година и е објавено како дел од Неделата на ајкулите на Дискавери. Продуцентот и режисер Џеф Кур рече: „Големотата бела – Отворениот океан е филм кој ја следи приказната за мојот пријател, експерт нуркач на ајкули по име Џими Партингтон“.