Колекцијата од најмали автомобили во светот, која се чува во музејот „Брус Вајнер“ во Џорџија, наскоро ќе се најде на аукција.
Заинтересираните клиенти ќе можат да се борат за сопственост за автомобили кои секаде можете да ги паркирате.
Во музејот има околу 200 автомобили, а аукцијата е закажана за 15 и 16 февруари. Цените се движат од 3.000 до 45.000 долари.
Во предностите на малите автомобили, се увери пред четири години и водителот на „Топ Гир“, Џереми Кларксон, кој го проба минијатурниот „Peel P50“.