ВИДЕО: Мрежите се вжештија по шоуто во кое актерката ја држи раката на Опра Винфри

Од:

На многумина им беше непријатно однесувањето на Дру Баримор за време на шоуто со Опра Винфри.

Во екот на негативните коментари откако драстично ослабе благодарение на, како што самата призна, лековите за слабеење, Опра Винфри повторно се најде во очите на јавноста. Овој пат благодарение на чудното однесување на актерката Дру Баримор, во чија емисија гостуваше.

Во новата епизода од нејзиното шоу, кое се вика „Шоуто на Дру Баримор“, гостинка е славната Опра, а на Инстаграм објави клип од шоуто. На тоа видео Дру цело време ја држи Опра за рака. Во еден момент, Опра се враќа на каучот додека зборува, и се чини дека и е непријатно и сака да ја тргне раката, но Дру сè уште ја држи цврсто. Покрај тоа, со другата рака ја галеше по раката.

„Не знаев дека поминуваш време со публиката надвор од шоуто“, вели Дру додека ја држи Винфри за рака. „Потребно е. Мојот тим од шоуто ќе ми рече: „О, Боже мој, уште колку ќе зборуваш со публиката?“, одговара Опра. Тој одговор ја воодушеви актерката, која потоа конечно и ја пушти раката.

Под видеото, но и на интернет се собраа грст коментари и многумина пишуваат дека тој момент од шоуто бил прилично непријатен.

„Дру, не сите сакаат да се држат за рака“, „Опра со своето тело јасно кажува дека сака да и ја вратиш раката“, „Барем Дру да престане да ги допира луѓето. Таа направи вакво нешто со Доли Партон“, „Ова е многу непријатно за гледање“, „Држењето за рака и галењето ми е граница“, „Ја сакам Дру, но ќе се задржам само на нејзините филмови. Изгледа толку лажно овде, сè е премногу чудно“, „Треба да научиш што е личен простор “, беа дел од коментарите на интернет.

Би можело да ве интересира

Дру Баримор го допре дното по разводот и стана алкохоличар: „Пиењето ми беше константа“

Богатството на Опра Винфри се проценува на три милијарди долари

Наум Локоски

Бијонсе и Опра Винфри собираат помош за жртвите од ураганот Харви

Наум Локоски