Дру Баримор го допре дното по разводот и стана алкохоличар: „Пиењето ми беше константа“

Од:

Холивудската актерка Дру Баримор проговори за периодот по разводот со актерот Вил Копелман. Таа рече дека тој период и бил многу „тежок и збунувачки“.

„Има моменти кога гледате во некој кој е силен, но во тој момент скршен и помислувате: „Како се случи ова? Јас бев таа личност, се скршив“, рекла таа и додала дека од Калифорнија се преселила во Њујорк.

“Пиењето беше константа за мене. Не можев да се променам. Бев слаба и не можев да го направам она што е најдобро за мене”, признала таа.

Актерката на крајот престанала да пие и отишла на терапија.

„Кога ќе заглавите во шема на однесување или ако поминувате низ некои ситуации, тогаш не е доволно само гласно да ги признаете, треба да се присилите да кажете: Подготвен сум да направам големи промени. Мислам дека сите мислиме дека сме многу слаби ако не ги направиме тие промени“, рече Баримор.

Дру и Вил имаа две ќерки во бракот – Олив и Френки. Тие се венчаа во 2012 година, а се разведоа четири години подоцна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мрежите се вжештија по шоуто во кое актерката ја држи раката на Опра Винфри

Предраг Петровиќ