ВИДЕО: „Моје три“ ќе ја претставуваат Србија на Евровизија

Од:

Мирна Радуловиќ, Сара Јовановиќ и Невена Божовиќ со песната „Љубов је свуда“ (Љубовта е насекаде) ќе ја претставува Србија на Евровизија во Шведска.

Триото „Моје три“ победи синоќа на фестивалот Беосонг освојувајќи најмногу гласови од публиката.

– Пресреќни сме што победивме и што музиката на крајот триумфираше, рече Невена Божовиќ, јави српски Телеграф.

Радуловиќ призна дека девојките посакувале победа.

– Сметам дека освен гласовите од публиката, добивме гласови од луѓето кои не го гледале ова натпреварување. Се надевам дека Евровизијата ќе ја донесеме во Србија, изјави таа.

Второ место на Беосонг освои Душан Свилар со песната „Спас“, а третата беше Сашка Јанковиќ со изведбата „Дуга у твојим очима“. Тие двајца биле многу разочарани што победата не ја добиле.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија