ВИДЕО: Метеор експлодираше над Хрватска

Од:

Над Хрватска претпладнево, метеор експлодираше при влез во Земјината атмосфера.

Зад него остави димна трага и делови распрскани ширум земјата.

Таа глетка ги вознемири граѓаните, зошто според Дамир Хржина, претставник на загрепската опсерваторија Ѕвездарница, татнежот се почувствувал на доста голема површина.

„Неколку луѓе ни се јавија дека го чуле ударот. Навистина, и мене ми се јави сопругата – го виде метеорот и токму при нашиот разговор, се слушна силен звук“, раскажува Хржина.

Iznad Hrvatske izgorio meteor

Iznad Hrvatske izgorio je meteor, pogledajte snimku pada.

Posted by Index.hr on Петок, 28 февруари 2020

Тој ги контактирал колегите од Хрватската метеорска мрежа која ги проверува податоците и можеби ќе почнат потрага по остатоците од вселенското тело.

Властите засега немаат никакви дојави за каква било штета или повредени поради експлозијата на метеорот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби