Нашали Алма (24) вежбала во теретана на својот станбен комплекс кога одеднаш и пришол непознат маж и веднаш ја нападнал, пишува „CBS News“. Снимката од тепачката е направена од безбедносните камери. На видеото се гледа тепачка и жена како се бори со мажот, а во исто време се обидува да повика полиција на помош.
Отпрвин бега од него додека цело време се расправаат. Таа првично го пуштила да оди на вежбање и не очекувала дека ќе ја нападне одзади. Таа даде краток коментар за „BBC“, а полицијата го уапсила напаѓачот 24 часа по нападот.
A 24-year-old woman was working out at her apartment complex’s gym in Florida when a man approached and attacked her. At one point, she used her cellphone to hit him in the face. Officials said the man was arrested. pic.twitter.com/ylNbgbYX9Y
— CBS News (@CBSNews) February 16, 2023
„Не се плашев кога тој нападна. Бодибилдерка сум и доста сум силна. Го доживеав како рамноправен. Не го гледав како помал или поголем од мене. Знаев дека сум појака од него и дека можам да се одбранам. Моите родители ме научија дека никогаш не треба да се откажуваш, од ништо. И тоа ми беше на ум кога се борев со него.Се додека не се откажуваш,тоа значи дека се бориш. Покажувате дека сте силни, дека знаете да возвратите“, рече таа.