Десетгодишниот Танишк Абрахам од Сакраменто во Калифорнија, за разлика од своите врсници го заврши средното училиште и доби диплома со што стана еден од најмладите ученици кои матурирале.
Ова талентирано момче од 7-годишна возраст паралелно со средното училиште, се запишало и на колеџ на кој сега има намера да го продолжи школувањето.
-Не беше многу лесно, но ниту многу тешко. Информациите се убави за мене, така мојот мозок функционира. Така е тоа во мојот случај- вели Абрахам, кој веќе 6 години е член на МЕНСА.
Неговите родители забележале дека нивниот син е посебен, но не знаеле за неговиот потенцијал.
-Мислев дека е талентиран, но мојот сопруг не веруваше во тоа, поради што чекавме две-три години. Кога ги добивме резултатите од тестот за интелигенција сфативме дека тој навистина е многу интелигентен- вели неговата мајка Таји.
Целта на ова момче е да стане научник или лекар, кој ќе пронајде лек за карцином, но сака да стане и претседател.
Е. Г.