ВИДЕО: Маск им одговара на огласувачите: „Еб*те се”

Од:

Милијардерот Илон Маск одговори отворено и експлицитно на огласувачите кои се повлекуваат од мрежата X.

За време на самитот „2023 DealBook“ во Њујорк, милијардерот и сопственик на платформата X (поранешен Твитер) Илон Маск имаше прилично експлицитна порака до огласувачите, за кои тврди дека го уценуваат.

Во својот говор, Маск им се обрати на огласувачите кои ја напуштаат или планираат да ја бојкотираат платформата Х, велејќи: „Ако некој планира да ме уценува со рекламирање? Да ме уценуваат со пари? Одете еб*ете се! Тој додаде: „Не мора да се рекламирате“.

Некои огласувачи почнаа да ја бојкотираат платформата X, поради антисемитските објави кои се споделуваат на интернет.

Маск, исто така, предложи неговите обожаватели, како оние на Х, да ги бојкотираат тие огласувачи. Во разговорот за време на самитот, Маск истакна дека „нема проблем да биде омразен“.

Во поново време, Маск го промовираше, а понекогаш и вербално го одобруваше она што Белата куќа го нарече „антисемитска и расистичка омраза“, на платформата X. Маск беше гласен во својата поддршка за слободата на говорот, и покрај некои ситуации кога корисниците и огласувачите го означуваа таквиот став како „говор на омраза“.

Компаниите како Дизни, Епл и други ги суспендираа своите рекламни кампањи на платформата Х.

Илон Маск, кој е и извршен директор на Tesla и SpaceX, негира дека е антисемитист. Тој рече на X: „Јасните повици за екстремно насилство се против нашите услови за користење и ќе резултираат со суспензија“.

Би можело да ве интересира

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Разговорот меѓу Ердоган и Маск стана хит, претседателот на Турција го праша: Каде ти е сопругата?

Предраг Петровиќ

Маск најави тестирање на мозочен чип на луѓе, тестирањето ќе започне за шест месеци

Горан Наумовски

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска

Маск го распушти Управниот одбор на Твитер