ВИДЕО: „Магла“ – нова песна и нова Антониа

Од:

„Магла“ е насловот на најновата песна на Антониа Гиговска, а е дел од студискиот материјал што треба да биде комплетиран до крајот на годинава.

Песната е со потписот на Лазар Цветковски, чии се музиката и аранжманот, додека текстот е на Тајзи.

Видеото, пак, во кое Антониа се претставува во едно сосема поинакво светло е работено под режисерската палка на Даниел Јовевски.

„Магла“ е дел од албумот „2001“ што ќе содржи 12 нумери, меѓу кои дел веќе пуштени во етерот, но и дел комплетно нови. Задоволна сум од тоа како излезе песната, иако е направена спонтано и буквално во еден здив. А дека е „љубов на прв поглед“ доволно зборува тоа што е отпеана и спакувана од прва. Се надевам дека и публиката ќе го почувствува она што и јас, и навистина можам слободно да кажам дека ова е можеби една од песните на која најмногу ѝ верувам“, вели Антониа.

Кадрите за видеото се снимени на бродот „Anchor“ на кеј, а во нив освен Антониа се појавуваат и Симон Антиќ во главната улога, Белисима Лукарова, Христијан Рангелов и Нилија Фоендо, која е од Њујорк и чија туристичка посета на земјава е искористена за да биде дел од спотот.

За стајлингот, пак, беше задолжена Викторија Бурсаќ, за шминката Даниел Николовски, додека фотографијата е на Мартин Трајановски.

„Се потрудивме сè да изгледа на едно повисоко ниво. Ништо не е случајно во спотот – од гардероба која е нарачувана од странство и е од брендовите Pretty Little Thing/Akira/Oh Polly, до учесниците во видеото кои се бирани внимателно… Сакав публиката да види нешто ново од мене, една нова Антониа. Сакав да се прикажам во едно поинакво светло“, вели Гиговска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска