18-годишната Џесика живее во Бразил, а својот вереник, 23-годишниот Кени, кој е од Белгија го запознала на сајтот за учење јазици SharedTalk. Се започнало од желбата да се научи нов јазик, а продолжило во љубовна приказна преку два континенти и 9 илјади километри.
Блогот на Џесика и Кени „Љубов оддалечена 9.000 км“, раскажува за нивната романса која започнала во октомври 2011-та година. Многу брзо веб-камерата била уклучена и додека спијат, а разговорите траеле и по 12 часа.
На 16-ти септември оваа година Кени ја побарал Џесика за жена. Имал само еден „мал“ проблем – двојката никогаш не се сретнала во „живо“.
Тие за прв пат би требало да се видат на 31. октомври кога Кени пристигнува во Бразил. Дали ќе успее нивната врска? Можно е, зошто да не?