„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Од:

Изолациите, карантините и ограничувањата што ги донесе пандемијата предизвикаа промени во начинот на социјализирање на луѓето, но и во барањето партнери. Според апликациите за познанства и дружење, денес има сè повеќе луѓе кои имаат „помали очекувања“ и не сакаат строго сериозни врски.

Откако „ја изгубија“ претходната година, многумина кои бараат партнер решија да додадат доза искреност на своите профили за пронаоѓање партнери и да признаат дека сериозните врски не се нивниот интерес, но и дека немаат претерано големи очекувања. Сепак, има и такви кои сметале дека седењето дома е можност за наоѓање долга врска.

Со или без пандемија – излегувањето и забавувањето секогаш ќе има подеми, падови и сиви подрачја. Новото истражување на друштвената платформа „Тиндер“ говори за нов тренд за којшто многумина ќе се согласат дека е позитивен – забавување со пониски очекувања. Според „Тиндер“, корисниците од онаа, последната „генерација З“ бараат поголема отвореност кон можностите од кога било досега. Не бараат сериозна врска, туку описите сега гласат „ќе видиме каде одат работите“ и „сè е отворено“.

Бројот на оние што повторно се потрага по „недефинирана врска“ е зголемен за скоро 50 отсто.

– По една година ограничувања, нашите членови не сакаат и сами да си ги ограничуваат своите врски, па затоа сме сведоци на растечки тренд на помали очекувања, истакна Лора Вилкинсон-Реј, директорка за комуникации на „Тиндер“ за Велика Британија.

Корисниците го сметаат овој тренд за позитивен и поискрен во споредба со претходниот третман и веруваат дека по една година на ограничувања, тој носи доста слобода.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

Тиндер со нова опција за проверка заради сексуални напасници

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска