ВИДЕО: Лимузината на Путин од 140.000 евра „прошета“ низ Москва

Од:

Новата лимузина со подвижен покрив, наменета за претседателот на Русија Владимир Путин, беше „провозена” низ улиците на Москва. Тоа беше, всушност, генерална проба пред парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна.

Руското возило „Аурус кабриолет” тежи шест тони, има В-8 мотор и во продажба ќе биде пуштено годинава. Ќе чини 140.000 евра. Името Аурус е сложенка од латинското име на златото (аурум) и „Русија“. Стручните списанија го опишуваат како копија на „Ролс-ројс”.

На пробата, лимузината се движеше меѓу војници кои маршираа.

Парадата ќе се одржи утре, кога трупите на Руската војска, традиционално, ќе маршираат на Црвениот плоштад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски