ВИДЕО: Лијам Пајн пронајден мртов, пејачот на „One Direction“ паднал од зграда во Аргентина

Од:

Почина Лиам Пејн (31), поранешен член на One Direction. Британскиот пејач е пронајден мртов во Буенос Аирес.

Си-Ен-Ен пишува дека пејачот бил пронајден мртов пред хотелот Кас Сур во луксузниот кварт Палермо, откако паднал од третиот кат. Смртта ја констатирала полицијата, а лекарите рекле дека „нема начин да се спаси“. Очевидци за американскиот таблоид ТМЗ изјавија дека несреќата се случила нешто по 17 часот (локално време). Тие тврдат и дека Лијам претходно „се однесувал чудно во лобито на хотелот“.

И во официјалното соопштение се вели дека полицајците биле испратени во хотелот по итен повик „во кој биле информирани за агресивен маж кој можеби бил под дејство на дрога и алкохол“. Кога стигнале, полицаецот, како што вели, слушнал силна бучава во внатрешниот двор на хотелот.

Тој беше во Аргентина на гостување на концертот на Ниал Хоран, поранешен колега од One Direction. Оваа вест ги шокираше фановите ширум светот, кои се збогуваат на социјалните мрежи. Обожавателите се збогуваат и во коментарите на неговиот Инстаграм профил, каде го следеа над 26 милиони луѓе.

Лиам Пејн е англиски пејач, текстописец и поранешен член на глобално популарниот бенд One Direction. Роден е на 29 август 1993 година во Вулверхемптон. Неговата кариера започна кога се појави на X Factor во 2008 година.

Тој не се пласираше во финалето, но се враќа во 2010 година кога судиите го ставија во група со Хари Стајлс, Луис Томлинсон, Ниал Хоран и Зејн Малик, формирајќи го One Direction. Оваа група набрзо постигна глобален успех и стана еден од најпродаваните бендови на деценијата.

Со бендот, Пејн објави пет албуми – Up All Night (2011), Take Me Home (2012), Midnight Memories (2013), Four (2014) и Made in the A.M. (2015).

Откако членовите на бендот решија да направат пауза во 2015 година, Лијам започна соло кариера. Неговиот прв сингл како соло изведувач, Strip That Down, беше објавен во 2017 година во соработка со Quavo и достигна висока позиција на топ листите ширум светот.

Во 2019 година, Лијам го издаде својот прв соло албум, LP1, кој вклучува претходно објавени хитови, како и неколку нови песни. Албумот истражува различни стилови, од поп до трап звуци, а вклучува и соработки со познати имиња како Рита Ора, со која ја сними саундтракот за продолжението на филмот 50 нијанси сиво.

Лијам беше во врска со десет години постарата британска пејачка Шерил Кол, со која го има синот Бер, роден во 2017 година. Неговата врска со Шерил предизвика голем медиумски интерес, бидејќи Шерил беше член на жирито на X Factor кога се натпреваруваше Лијам, кој во тоа време се уште беше малолетник. Подоцна започнаа врска. По раскинувањето, тие останаа во добри односи заедно да го одгледуваат синот.

Би можело да ве интересира

Во ЗОО Скопје почина лавот Жика на 16-годишна возраст

Почина писателот Михаил Ренџов

Почина легнадата на кантри музиката Крис Кристоферсон

Катерина Ѓуровски

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска

Катерина Ѓуровски