(ВИДЕО) Критики за „Кралот на Инстаграм“: Видел ранета жена за време на пукањето во Лас Вегас и избегал

Од:

Дан Билзериан својата светска популарност и 23 милиони следачи на Инстаграм ги стекна поради тоа што е нон-стоп во друштво на жени, а неговата куќа е полна со оружје.

Тој редовно објавува фотографии на кои ужива во друштво на многу девојки и како „си игра“ со својот арсенал оружје.

– Најмногу се плашам дека некој ќе ми провали во куќата, а јас нема да можам да се одлучам со која пушка да го застрелам, напиша Близериан под една фотографија.

Во неделата, Дан Близериан, познат како „Крал на Инстаграм“ бил на фестивалот на кантри музика во Лас Вегас каде што се случи еден од најголемите масакри во историјата на САД, а како што вели на видеото кое што го објави покрај него некоја жена била погодена со куршум во главата.

Додека се обидува да се извлече и избега на сигурно тој се снима и кажува дека ситуацијата е „луда“ и дека некоја жена била застрелана веднаш до него.

Во следното видео, тој се обидува да го оправда својот имиџ на мачо мен и кажува дека се вратил да помогне откако го зел својот пиштол.

Близериан во почетокот не бил достапен за коментари, а потоа тврдел дека ѝ помогнал на повредената жена.

За неговото бегање, наместо да помогне на жената имаше бројни критики на неговиот Инстаграм профил, но тој изјави дека не чувствува потреба да се правда, бидејќи со оглед на ситуацијата, најпаметно било да се повлече на сигурно.

Тој навистина видел жена која е погодена во главата, изјави за магазинот „Пипл“ и кажа дека откако се вратил на местото каде што се одржуваше фестивалот со неговиот пиштол помогнал на друга повредена девојка и ја одвел во болница.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија