ВИДЕО: Копале тунели низ снегот за да излезат од дома

Од:

Во делови на Северна Америка последниве недели падна толку многу снег што не помогнаа класичните методи на чистење, па некои луѓе беа принудени да копаат тунели низ снежните наноси.

Имено, последните неколку дена на социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии на тунели низ снегот, тренд кој најверојатно нема да заврши за скоро време имајќи ги предвид прогнозите за нови снежни врнежи.

Така, една двојка од Канада во нивниот двор имала, како што јавуваат канадските медиуми, „два ката снег“, па единствен начин да излезат од куќата бил да ископаат тунел.

Марсел Ландри од канадската провинција Островот на Принцот Едвард за весникот „Џурнал Пионир“ изјави дека до неговиот автомобил што бил паркиран во дворот, морал да ископа тунел долг седум метри.

– Никогаш не сум видел ништо слично. Кога патот до автомобилот почна да наликува на тунел, целата приказна почна да ме станува забавна, изјави Ландри.

Но, кога приказната стигна до медиумите, локалните власти испратија екипи на теренот, кои му помогнале на Ландри за расчистување на дворот, за што им биле потребни повеќе од пет часа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа