ВИДЕО: Колку струја би трошеле ласерските мечеви од „Војна на ѕвездите“?

Од:

Студентот Лук Вилкокс од Универзитетот во Лестершир пресметал колку енергија би трошеле ласерските мечеви од „Војна на ѕвездите“, доколку такво оружје навистина постои.

Вилкокс како почетна точка за своите пресметки го зел податокот што во првата епизода од серијалот, џедајот Квај-Гон Џин, со својот зелен светлосен меч пробива метална врата.

Кога ќе се земат во предвид почетната температура, точката на топење на металот, конечната температура, масата на металната врата и на крај пресметал дека ласерскиот меч би имал 6,96 мегавати.

Студентот го интересирало и која боја би го направила мечот најмоќен, односно колку време ќе му треба на секој од нив да ја пробие вратата.

Од почетокот било јасно дека боите со кратка бранова должина ќе се помоќни, па се покажало дека црвениот меч вратата би ја пробил за 14 секунди, жолтиот за 12, зелениот за 11, синиот за 9,6, а виолетовиот за само 8,2 секунди.

Би можело да ве интересира

Џоди Фостер одбила улога во „Војна на ѕвездите“, а сега ги откри и причините

А1он

Лајтсејберот на Скајвокер повлечен од аукција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Новогодишната декорација на куќа го запре целиот сообраќај

Наум Локоски

Принцовите Вилијам и Хари со улоги во осмиот дел од „Војна на ѕвездите“

Наум Локоски

Во Перу 1.459 лица носат имиња од серијалот „Војна на ѕвездите“

Наум Локоски