На една линија на метрото во Мексико Сити, сообраќајот бил запрен поради кокошка кој трчала по шините.
Видеото, објавено од метро системот на Мексико Сити, покажува се гледа дека е исклучена струја на станицата во близина на центарот на градот.
Исто така, може да се забележат работници од персоналот и службениците за цивилна заштита како ја бркаат кокошката покрај пругите со метла, обидувајќи се да ја фатат, пренесе АП.
Кокошката успеала да избегне фаќање неколку пати, пред работник да фрли палто врз неа.
По инцидентот, сообраќајот брзо се нормализирал.