Консталација на музички уметници, сплотени во јадро наречено ЏезВез ја презентираат обработката на старата народна песна „Каранфило филфило моме“ во етно-џез манир. Од ЏезВез велат дека да се задржи автентичноста на изворот и да се градуира во нов призувик е голема одговорност, но и голема мајсторија.
-Почнувајќи од високо професионалниот приод кон идејните решенија, аранжман и пијано на Никола Мицевски, преточени низ интерпретацијата нa Оливер Јосифовски (контрабас), Дино Милосављевиќ (тапани) и Петар Христов (сопран саксофон), па сѐ до магичната кохезија на гласовните капацитети на Ана Костова, Дани Димитровска и Сара Пројковска, се создаде едно прекрасно музичко доживување, зачеток на нова приказна, која допрва ќе изненадува, велат од ЏезВез.
„Да не се заборави исконското, она што сме ние, во вистинска смисла на зборот, преточено во звукот на денешното време“, изјавува Ана.
Сара вели: „Како протагонисти, инспирацијата од нашето богато фолклорно и културно наследство, е приказна без крај. Нека биде ова само почеток!“
„Овој уметнички израз во синергија е подигнување на вибрацијата на македонската музика како идентитет; како љубов, спознавање и еднување“, изјавува Дани за првата песна од овој проект.
АудиоКултура е просторот каде во живо е изведена оваа песна како прва од серијалот, а Alter Productions се потпишува како видео продукција.