ВИДЕО: Јутјубер смисли бизарен начин да привлече внимание, па плачеше по два дена во сандак под земја

Од:

Во борбата да се привлече внимание и да се биде пет минути славен, некои „јутјубери“ одат во бизарни крајности и смислуваат најчудни начини за да стигнат до кликовите.

Џими Доналдсон, на Јутјуб познат како MrBeast, реши да помине 50 часови закопан два метра под земја, во мртовечки сандак, и сето тоа да го забележи на видео од 12 минути.

„Сакам да се движам, ама не можам. Почнувам да чувствувам клаустрофобија, здодевно ми е, ме боли грбот, мирисам лошо,“ рече тој по 20 часови поминати во сандакот.

За да се осигура дека нема да излезе порано од предвидените 50 часа, Доналдсон се договорил со пријателите да го „протресат“ со електрошокови ако се предомисли и тргне да се откажува од предизвикот.

На крајот, по цели 50 часа, Доналдсон се расплака.

„Вака изгледа кога си жив закопан. Плачам од среќа што излегувам, ова беше глупаво“, призна јутјуберот.

Тој сепак ја исполни целта – видеото досега има преку 52 милиони прегледи.

Би можело да ве интересира

Јутјубер скокна од крузер во океан по расправија со својата девојка: Се стравува дека е мртов

Горан Наумовски

Јутјубер намерно урна авион за кликови на мрежата: Осуден е на шест месеци затвор

Предраг Петровиќ

Јутјубер претепа ММА борец и му понуди реванш од десет милиони долари

Горан Наумовски

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

Познат српски јутјубер пронајден мртов, телото го пронајде колега во сала во Сурчин

(ВИДЕО) Јутјубер намерно урна авион поради поголема гледаност, сега му се заканува голема казна затвор