ВИДЕО: Израелска министерка во предизборен спот нанесува парфем „Фашизам“

Од:

Израелската крајно десна партија објави видео спот за изборна кампања во кој министерката за правда во елегантна облека се прска со парфем „Фашизам“, предизвикувајќи со тоа вистинска експлозија на социјалните мрежи.

Министерката Ајелет Шакед со контроверзната реклама се вклучи во онлајн изборната кампања. Политичките реклами на телевизија во Израел се дозволени само две недели во пресрет на изборите, на 9 април, па партиите и кандидатите се насочија кон интернетот.

Агенциите пренесуваат дека рекламата на големо потсетува на сатиричен скеч на глумицата Скарлет Јохансен од 2017 годинаво популарното шоу „Сатурдеј Најт Лајв“ кога ја глумеше Иванка Трамп, која рекламира парфем „Комплицит“.

Рекламата на министерката Шакед, привлече големо внимание и досега е прегледано неколку стотина илјади пати.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан