Некои приказни се толку необични, смешни, но и страшни, што често не можеме ни да им веруваме на очите дека навистина се случиле.
Ова конкретно видео од TikTok е едно од оние кои прикажуваат речиси надреална ситуација, во која devojka која сурфа падна директно од даската врз ајкула.
@boaznamia Shark attack! #shark #sharkattack ♬ צליל מקורי – Boaznamia
Видеото наводно е снимено во морето пред градот Хадера во Израел, но не се знае точно кога се случило. Имено, ајкулата била привлечена од даската за сурфање, и се упатила кон неа, додека девојката стоела на неа, не ни замислувајќи што може да се случи во следните неколку секунди.
Може да се каже дека не се знае кој повеќе се шокирал: таа кога сфатила дека е во морето веднаш до ајкула или несреќното животно, кое само мирно ја гледало даската кога нешто големо паднало врз неа.
Откако девојката падна врз неа, ајкулата исплива.