Måneskin со песната „ Zitti E Buoni“ и ја донесе победата на Италија на 65. издание на Изборот на песна Евровизија кој се одржа во Ротердам. Благодарение на гласовите од публиката италијанскиот бенд успеа да се пробие пред големите фаворити, претставниците на Франција, Швајцарија и на Малта и да триумфира на манифестацјата која се одржa по една година пауза поради пандемијата на коронавирусот.
-Рокенролот никогаш нема да умре, извика пејачот на групата по прогласувањето на победникот.
Според гласањето на жирито на првото место беше Швајцарија со 267 поени, втора беше Франција со 248 поени и трета Малта со 208. Но, големи промени донесоа гласовите од публиката.
Италија победи со вкупно 524 поени, втора беше Франција со 499, додека трета со 432 поени.
Земјите од таканаречената голема петорка, со исклучок на Италија синоќа поминаа многу лошо. Велика Британија натпреварувањето го заврши без бодови, Германија имаше само три бода од гласањето на жирито, додека Шпанија собра само шест поени. Исто како Германија и Велика Британија од публиката доби нула поени.